Издавач: Тримакс

Година на издавање: 2016

Димензии: 66 x 96

Размер: 1 : 250 000

Изработка: Печатена на 115 g/m2 конздрук. Пластифицирана и врамена со лајсни.

 

На патната карта Црна Гора е претставена целата патна и железничка мрежа, почнувајќи од автопатите, магистралните, регионалните па се до локалните патишта, кои можат да ве доведат до било која сакана дестинација. Одалеченоста од едно место до друго е означена со броеви, а со соодветни симболи и топоними се обележани сите населени места од 1 000 до над 100 000 жители, потоа скоро сите планини, реки, езера, заливи, р’тови… Со мали симболчиња се означени и аеродромите, бањи, термоцентрали, хидроцентрали, манастири, џамии, стари градови, гранични премини, пристаништа, поморски патишта… Патната карта е работена со комбиниран метод од хипсометричко боење и метод на сенки.