Девојчето што го оставија зад себе


475 ден

Споредба

Шифра: 6526
Издавач: Книгохоличари
Автор: Роксана Велецос
Јазик на преводот: македонски
Корица: мека

1941 г. Букурешт: една ледена јануарска ноќ; мало четиригодишно девојче седеше смрзнато на надворешните скали пред станбена зграда. Неговите родители беа приморани да го напуштат.
Девојчето кое го нарекоа Наталија, го сместија во сиропиталиште, подоцна беше посвоено од богат пар без деца.
Романија беше во сојуз со нацистите, еврејското население стана подложно на сѐ посилно прогонство. Гладот беше поголем од достоинството, војната ги трансформира човечките суштества на незамислив начин.
Животот на Наталија беше обоен во сите нијанси на сиво. Трагите од нејзиното потекло ја пробиваа површината на нејзиното секојдневие, постепено доаѓајќи до откритие што ја менува нејзината судбина. Таа се вљуби во сиромашен и амбициозен студент Виктор – пријател на нејзиниот татко.
Години подоцна – кога Наталија работи во фабрика, патиштата со Виктор повторно им се вкрстуваат; сега висок функционер во комунистичкиот режим. Овој пат тие се судбински вовлечени во страсна афера и покрај препреките и мрачните тајни на Виктор.
Кога Наталија добива шанса за подобар живот, Виктор е спремен да ѝ помогне, дури и по цена да ја изгуби.
Наталија е пред тешка одлука: Дали да остане во Букурешт со нејзините сакани родители кои ја посвоија и со човекот што го љуби, или да ја искористи оваа едниствена можност конечно да  живее по свои правила, соочувајќи се со болната загадочност на нејзиното минато. Неизвесноста што следуваше ја застрашуваше повеќе и од самите бомби.
Среќата имаше цена која некој треба да ја плати.

SKU: 6526 Категорија
Тежина 0,2 g