ДОМАШНИ ЖИВОТНИ забавна игра – сложувалка


150 ден

Издавач: Тримакс

Година на издавање: 2014

 

Едицијата забавни игри е наменета за деца над 3 години. Целта е низ игра и забава да се поттикне љубопитноста на децата, да учат и да се запознаат со основните поими ( форми, букви, броеви, бои, животни…), како и развојот на рано учење, што ќе им помогне во подготовка за тргнувањето во училиште. Со присуство на родителот се овозможува заедничка игра и дружење.

Во оваа едиција на забавни игри има шест игри со следниве наслови : Азбука, Броеви, Фоеми и бои, Домашни животни, Диви животни, Морски свет и како дополнителна гратис игра Не лути се човече.

 

Со оваа игра децата преку забава ќе научат да ги препознаваат домашните животни, светот околу нив, нивното именување и нивните карактеристики, а воедно ќе им се поттикне развојот на меморијата и вниманието. Целта на оваа сложувалка ќе биде остварена кога ќе бидат сложени сите делови.