На улица Даблин

Availability:

Нема на залиха


410 ден

Нема на залиха

Споредба

На улица Даблин

Издавач: Сакам книги

Година на издавање: 2014

Автор: Саманта Јанг

Наслов на оргиналот: Оn Dublin Street

Јазик на оргиналот: англиски

Јазик на преводот: македонски

Број на страни: 361

Корица: мека

Кратка содржина: Џоселин Батлер се крие и бега од своето минато со години. Но сега на сите нејзини тајни им се заканува разоткривање…

Пред четири години, Џоселин го има оставено своето трагично минато во Америка со започнување на нов живот во Шкотска, закопувајќи ја својата болка, игнорирајќи ги сопствените демони и терајќи напред без емоционални заглавувања. Нејзиниот самотнички живот функционира прилично добро-се додека не се пресели во нов стан на улива Даблин каде што запознава девојка која очигледно сака да и стане пријателка и маж кој сака да и стане нешто повеќе. Но она што тие не го знаат е дека Џоселин не сака да се врзува за пријатели и особено не сака маж кој би можел да и го пробие штитот и да ги сруши до темел сите тврдини кои таа ги има изградено оклоу себе.

Брејден Кармајкл е навикнат да го добива тоа што го сака, а она што го сака е Џоселин во кревет. Баш безобразната, ладна и мистериозна девојка е онаа која го копка неговиот интерес, иако може да ја има речиси секоја жена што ќе ја посака. Но тврдоглавиот Шкот нема да се задоволи дури ни кога ќе ја постигне првобитната цел затоа што со секој измминат ден, тој сака се повеќе од неа. И нема да се откаже се додека не ја запознае…до сржта на нејзината душа.

Категорија
Тежина 0,500 g