Нервен систем


658 ден

Подготовка и печатење: Тримакс

Димензии: 100X50 см

Изработка: Пластифициран со пластични лајсни.

 

 

Овој постер, кој е двостран и е со големина од 50х100 см, претставува нагледно средство по предметот Биологија (Анатомија) и може да се користи во основните и средни училишта. Претставува визуелно помагало преку кое учениците можат подобро да се запознаат со нервниот систем на човечкиот организам. Содржи седум илустрации кои ги покажуваат деловите на нервниот систем. На предната страна има една илустрација на која се прикажани составните делови на нервниот систем на организмот, а на шесте илустрации, на задната страна, одделно се прикажани составните делови на нервниот систем. На првата е прикажан составот на еден неврон, на втората, надолжниот пресек на черепниот мозок, на третата, големиот мозок гледан странично, на четвртата, големиот мозок гледан одозгора, на петата се прикажани мозочните комори, а на шестата илустрација се прикажани зоните на големиот мозок. Овие илустрации се надополнети со кратки текстуални објаснувања.

Категорија: