Седум години подоцна


240 ден

Споредба

Шифра: 6803
Издавач: Топер
Година на издавање: 2013
Автор: Гијом Мисо
Јазик на оригиналот: француски
Јазик на превод: македонски
Број на страни: 342
Корица: мека

Боем и уметничка со опасен карактер, Ники ќе внесе виор на свежина во стабилниот и нбеспрекорно среден живот на Себастијан. Тие се пример за два сосема спротивни карактера, ама љубовта ќе пламне меѓу нив со незамислив интензитет. Набргу ќе се венчаат и ќе добијат близнаците Камила и Џереми.

Ама бракот неминовно тргнува кон горкиот крај: осудување, афери, презирање…По бурниот развод, двајцата родители добиваат старателство на по едно дете.Себастојан ќерката ќе ја воспитува строго, додека Ники кон синот ќе има поблаги ставови и ќе му прогледува низ прсти за неговите детски будалештини.

Годините незабележливо си поминуваат. Двајцата повторно ќе си го изградат својот живот што подалеку еден од друг. Кога еден ден Џереми го снемува се јавува дилема. Дали побегнал од дома? Или е киднапиран? Ники нема друг избор -мора да му се обрати за помош на својот поранешен маж, кој го нема видено речиси седум години. За да го спасат тоа што им е највредно, Себастијан и Ники ќе мора да ги здружат силите и да тргнат во потрага по синот. Близината си го прави своето, па тие ќе ја почуствуваат привлечноста што одамна ја имаат почуствувано и ќе се прашаат дали е, навистина, засекогаш се загубено…

SKU: 6803 Категорија
Тежина 0,400 g