, , ,

Синтагма – Азбучен зборник на византиски црковни и државни закони и правила


450 ден

Споредба

Издавач: Трикакс

Година на издавање: 2016

Автор: Матиј Властар

Превод, анализа и коментар: проф. Д-р Александар Атанасовски

Јазик на оригиналот: старословенски

Јазик на превод: македонски

Број на страни: 364

Корица: мека

 

Во делото се собрани по алфавитен ред сите предмети што се содржат во светите и божествени канони, составени и обработени од покојниот јеромонах Матиј. Како оригиналното дело Синтагмат Матиј Властар го подготвувал и изработувал најдобро може да се види во самиот предговор на Синтагмата. Властар ги собрал на едно место поуките и боголепните правила наменети за утврдување на спасоносното предание, потребно на секој човек и на кратко го преработил нивниот текст. Се потрудил од нивното значење колку што се може ништо да не изостане, а ги употребил и објаснувањата на толкувачите и направил по своја можност прирачен зборник. Авторот и преведувач проф. Д-р Александар Атанасовски, направил одличен превод на современ македонски јазик, ги задржал оригиналните назнаки на главите, на некои букви кои ги нема во нашиот јазик, тој им дал во заграда соодветна ознака според нашата азбука. Инаку, повеќето од одредбите, видоизменети и прилагодени се употребуваат и денес во современото законодавство.

Тежина 0,600 g