Политика на враќање

Враќање на производи

Можете да вратите нов, неотпакуван производ во оригиналната амбалажа како што го испратил Тримакс, во рок од 30 дена од испораката, со тоа што Вие ќе ги сносите трошоците за испорака. Доколку пратката стигнала по наша грешка, трошоците ќе ги сноси Тримакс.

Доколку треба да ја вратите пратката, ќе треба да го направите следново:

  • Прво ќе треба да доставите слип кој Ви е даден при испораката на пратката. Истиот слип за достава на пратката ќе треба да го спакувате со пратката во оригиналната амбалажа како што Ви ја испратил Тримакс.
  • Потоа ќе го испратите на ист начин на кој сте го нарачале производот, преку пошта, ГЛС  или сл.

Тримакс нема да прифати пратки спакувани во друга амбалажа, без слип како потврда за примање на пратката и доказот за плаќање на истата. Тримакс нема да прифати враќање на пратка доколку е истечен рокот за враќање на пратката. Тримакс нема да прифати отворена, ниту оштетена пратка.

Доколку сте го загубиле слипот за испорака на пратката, Ве молиме да се јавите во Тримакс за да Ви испратиме број на нарачка.

Доколку враќате пратка што Ви е испратена како подарок и немате слип, замолете го лицето кое Ви го подарува производот да Ви даде број на нарачка.

За враќање на парични средства ќе ни требаат 5-10 работни дена да ја примиме Вашата пратка и 3-5 работни дена за процесот на враќање на парични средства, во зависност од начинот на плаќање.

Доколу пратката се враќа во рок од 30-те дена, во оригиналната амбалажа, неотворена и неоштетена, ќе Ви исплатиме 80% од цената на пратката.

Доколку пратката е пристигната во рок од 30-те дена, а е отворена, распакувана или оштетена, ќе Ви исплатиме најмногу до 50% од вредноста на пратката.

Доколку враќате пратка која е нарачана во време на попуст, која е отворена, оштетена или и недостасуваат делови, не сме обврзани да ви исплатиме било каков надомест. А доколку е вратена неотворена тогаш Ви враќаме 80% од цената на пратката.