Приватност

Изјава за приватност на Тримакс

Нашата заложба во Тримакс е да ви понудиме квалитетни услуги. Како дел од оваа заложба, ние собираме информации за нашите корисници и посетители на веб-сајтот со цел подобро да ве услужуваме. Бидејќи ние сфаќаме дека приватноста ви е важна, вашата приватност ни е исто така важна нам. Без оглед на фактот дали купувате од нашата продавница или преку Интернет, може да сте сигурни дека ја почитуваме доверливоста на личните податоци кои ве идентификуваат и со овие податоци постапуваме одговорно. Како што е опишано во ова Изјава за приватност, ние не даваме овластување на продавањето или изнајмувањето на вашите лични податоци на трети лица за нивни сопствени деловни цели.

Со користењето на нашиот сајт, вие ги прифаќате практиките кои се опишани во оваа Изјава за приватност, а кои се во сила од 1 септември 2013г. Ние повремено може да ја промениме или пак да додадеме нешто кон оваа изјава. Кога тоа ќе се случи, ќе ја објавиме ревидираната изјава овде. Вашето користење на нашиот сајт по направените промени на оваа Изјава за приватност, претставува прифаќање на овие измени кои следуваат.

Оваа Изјава за приватност ви кажува какви видови на податоци за корисниците собираме, како ги користиме тие податоци и како може да пристапите и да ги промените информациите за вас.
Доколку имате дополнителни прашања за практиките на заштита на приватноста или пак можеби би сакале да добиете повеќе информации, ве молиме контактирајте нè на marijadimitrova@trimaks.mk или trimaks@trimaks.mk

Какви лични податоци собираме од нашите корисници?

Податоците за корисниците се собираат со цел подобро да ве опслужуваме, а вложуваме разумни напори со цел да ја обезбедиме безбедноста на вашите лични податоци и разумно да постапуваме со нив. Ги собираме личните податоци кои корисниците ни ги даваат кога избираат да купат производ од Тримакс или кога го користат нашиот сајт. На пример, кога се регистрирате на Тримакс, од вас бараме да ни оставите податоци за вашето име, имејл адреса, адреса на живеење и телефонски број. Доколку пак купите некој производ, од вас исто така ќе побараме податоци за адресата на испраќање и/или адресата на наплаќање.
Регистрирањето на Тримакс е задолжително при купување.

Кој друг вид на податоци за корисниците собираме?

Доколку од нас побарате да испорачаме купен производ на друго лице, од вас ќе ги побараме името и адресата или имејл адресата на лицето кому му го праќате или препорачувате производот, како и вашето име и контакт податоци.
Нашиот систем исто така следи кој пребарувач, Интернет провајдер (ИП) и ИП адреса ги користите за да пристапите кон нашиот сајт. За да ни помогнете да го разбереме користењето на нашиот сајт од страна на нашите посетители и да го подобриме вашето искуство при купувањето, ние исто така автоматски ги собираме податоците во врска со тоа како сте упатени на нашиот сајт, како се движите низ сајтот и кои производи ги пребарувате, како и вашите активности поврзани со купувањето.
Кога некој посетител, бара одредена страна или пак прави порачка од сајтот на Тримакс, нашите веб сервери автоматски ве идентификуваат и го внесуваат HTTP барањето кое е направено до нив, на следниов начин:
• ИП адресата на сајтот кој можеби ве упатил.
• Вашата ИП адреса.
• Вебстраната од која се поврзавте со нас.
• TИдентификаторот на производот за верзијата и марката на прегледувачот (на пример Internet Explorer 7.0).
• TОперативниот систем кој го користите (на пример Mac OS, Windows, Linux).

Како ги собираме овие податоци?

Кога се регистрирате на Тримакс, ние ги собираме личните податоци кои ни ги давате за вас во посебен профил, а притоа кон овој профил ги додаваме останатите лични податоци како што ни ги оставате. Исто така собираме податоци за производите кои ги купувате и останатите употреби на сајтот.
Ги собираме останатите податоци преку користењето на колачиња.
На почеток

Како ги користиме колачињата?

Колачињата ја подобруваат нашата способност да ве опслужуваме. Во основа, тие се делчиња од текст кој еден веб-сајт (во овој конкретен пример Тримакс) ги зачувува на вашиот компјутер. До ова колаче може да се пристапи преку веб-сајтот при ваша повторна посета на нашиот сајт.
Има два вида на колачиња: колачиња за тековна сесија и постојани колачиња. Колачињата за тековна сесија престануваат многу скоро откако ќе ја прекинете вашата интернет сесија. Постојаните колачиња се зачувуваат на вашиот хард диск до нивното истекување или додека не се избришат. Двата вида на колачиња ви помагаат во обезбедувањето на подобрено корисничко искуство бидејќи тие ги паметат претпочитувањата при купување, информациите за потрошувачката кошница и вашата лозинка.
Ние разбираме дека не секој сака да го дозволи користењето на колачиња. Опцијата Help (Помош) на алатникот кај повеќето пребарувачи ќе ви каже како да ги оневозможите колачињата, но ви препорачуваме да ги оставите колачињата вклучени со цел целосно да ги искористите карактеристиките на купувањето кои се достапни на нашиот сајт.

Дали посетителите треба да остават лични податоци за да го користат нашиот сајт?

Не се потребни лични податоци за да пристапите до или да се движите во сајтот. Сепак, од вас ќе биде побарано да се регистрирате и да дадете лични податоци доколку сакате да купите одреден производ. Исто така лични податоци се потребни доколку од нас барате информации или помош или пак да искористите одредени изборни карактеристики од нашиот сајт.

Што станува доколку посетителот не сака да ни остави лични податоци преку Интернет?
Имате право да барате производи на нашиот сајт.


Како ги заштитуваме личните податоци на нашите корисници?

Сите ваши лични податоци се зачувуваат во сервери со ограничен пристап. Овие сервери ги одржува нашиот провајдер на хостинг, а серверите кои ги зачувуваат овие податоци се чуваат во заклучен уред со ограничен пристап.


Како ги користиме податоците за нашите корисници?

Ние ги користиме вашите лични податоци за обработка на вашите порачки. Ова вклучува на пример, да ве контактираме со цел да ја потврдиме вашата порачка, исполнување на порачката и нејзина испорака. Покрај ова, ќе ги користиме податоците за да ви испратиме вести од Тримакс или останати промотивни известувања, или пак за да одговориме на барањата за информации или помош од наша страна. Воедно, може да ги користиме вашите лични податоци за подобрување на нашите услуги и за останати деловни цели. На пример, повремено ги ревидираме податоците за корисниците како дел од сервисирањето на нашите сметки. Исто така може повремено да ве информираме во врска со услугите кои ги нудиме и за да собереме информации за начинот на кој можеме да ги подобриме.
Конечно, ги анализираме информациите кои ги добиваме од колачињата во врска со пристапот на нашите корисници и движење низ нашиот сајт, како и нивните активности на прегледување и купување со цел подобрување на нашите услуги и искуствата поврзани со купувањето на нашите корисници.

Како ги споделуваме личните податоци за корисниците со трети лица?

Може да споделуваме податоци со владини агенции или други компании кои ни помагаат во спречувањето на измама или истраги. Ова може да го сториме во следниве случаи:
(1) кога е дозволено или е законски наложено; или,
(2) кога се прават обиди за заштита од или спречување на потенцијална измама или неовластени трансакции; или,
(3) при истрага на измама која веќе се случила.

Податоците не им се доставуваат на овие компании заради цели на рекламирање.

IСо цел да ги обработиме вашите порачки и барања, вашето име, адреса, а понекогаш и вашата имејл адреса или телефонски број ги доставуваме на други лица, како на пример платежни компании и сервиси за испорака на пратки.

Како трети лица може да користиме агенти, консултанти и изведувачи за извршување на деловни функции во наше име, вклучувајќи служби за грижа на корисници, сервисирање на сметки, истражување на корисници, маркетинг, обезбедување на ИТ услуги и одржување на записите. На овие лица им овозможуваме пристап до личните податоци за нашите корисници со цел извршување на овие функции за нас. Ние НЕ ги овластуваме да ги користат овие информации за никакви други цели.

Покрај ова, ние споделуваме ваши лични податоци кога доброволно користите одредени изборни карактеристики од нашиот сајт. Го задржуваме правото да ги споделуваме вашите лични податоци како што е законски побарано или во соработка со правни власти и да ги спроведеме Општите Услови кои го уредуваат користењето на овој сајт или заради заштита на правата, имотот или безбедноста на Тримакс и неговите корисници.

Како ги споделуваме останатите податоци за корисниците со трети лица?

Може да споделуваме информации кои не се лични или податоци кои не ја идентификуваат личноста за нашите корисници со група на луѓе со кои споделуваме лични податоци, како и со останати трети лица, како на пример продавачи, рекламни агенти или маркетинг компании.

Како посетителите на нашиот сајт може да ги проверат или променат податоците кои ги собираме за нив?

Во секое време можете да го прегледате вашиот личен профил кај Тримакс и истиот можете да го коригирате или ажурирате со тоа што ќе се упатите кон My Account area на нашиот веб-сајт. Покрај ова, можете да ги менувате личните податоци како на пример адреса на испорака или начин на плаќање при порачка со притискање на Check Out (одјава).
Нашите претставници за грижа на корисници се исто така подготвени да ви помогнат при проверувањето или менувањето на вашиот личен профил или отстранување на вашето име од нашата листа со контакти.

Дали собираме лични податоци од деца?
Нашиот сајт не е наменет за користење од страна на деца, а нашите Општи Услови бараат да имате најмалку 18 години за да го користите сајтот.

 

ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
За сите информации и прашања поврзани со заштитата на Вашите лични податоци, контактирајте го нашиот офицер за заштита на личните податоци:

Марија Димитрова
Моб: 075/415-646
e-mail: marijadimitrova@trimaks.mk