Правила и услови

Општи услови

Овие Општи Услови за користење (,,Условите”) се склучуваат од страна на и помеѓу Вас и Тримакс. Во врска со вашето користење и пристап до овој Интернет сајт, фајловите на Тримакс симнати на вашиот десктоп или останати веб-сајтови и услуги каде се објавени овие Услови или каде истите се јасно споменати (,,Тримакс услугите”), како и ветувањата и обврските во нив, а чија цел е да бидат јавно обврзувачки, вие и Тримакс сте согласни на следново: вашиот пристап до и користење на Тримакс услугите подлежи на овие Услови, кои ја сочинуваат посебно објавената Изјава за приватност и останати политики, како и какви било измени кон нив, а издадени од страна на Тримакс и сите применливи закони и регулативи. Доколку кои било од услугите на Тримакс, посебно образложени или дополнителни услови за користење, изјава за приватност или друга политика (,,Посебни услови”), тогаш тие Посебни Услови кои може повремено да се менуваат, ќе се применуваат во врска со вашето користење на таа Услуга на Тримакс. До оној степен до кој постои директен судир помеѓу Посебните Услови и овие Услови, ќе преовладуваат Посебните Услови. СО КОРИСТЕЊЕ НА ТРИМАКС УСЛУГИТЕ, ВИЕ СТЕ СОГЛАСНИ И ЌЕ СЕ СМЕТАТЕ ОБВРЗАНИ ОД СТРАНА НА ОВИЕ УСЛОВИ И ДРУГИ ПРИМЕНЛИВИ ПОЛИТИКИ. Доколку не сакате да сте обврзани со овие Услови или политики, не користете ги Услугите на Тримакс.

Меѓу другото, Тримакс Услугите даваат информации во врска со различни производи и услуги, како и можноста да се добијат дополнителни информации во врска со тие производи и услуги или за да се купат. Овие Услови и информациите кои се обезбедуваат со Тримакс Услугите на ниеден начин не ги поништуваат условите за Вашето купување на било кој производ или услуга, освен ако не е посебно наведено тука. Доколку било која област во рамките на или карактеристика понудена од Тримакс Услугите содржи посебни услови во врска со нејзината употреба (,,Посебни Услови”), овие Посебни Услови претставуваат дополнување кон овие Услови. Доколку постои директен судир помеѓу овие Услови, ќе преовладуваат Посебните Услови.

1. Промени во условите

Тримакс има право во било кое време и без претходна најава, по сопствено одлучување, да ги ревидира овие Услови или пак да наметне нови услови во врска со пристапот до или користењето на Тримакс Услугите. Овие ревидирања и додатоци ќе стапат во сила веднаш по нивната најава, која може да се даде на било кој начин, вклучувајќи. но не ограничувајќи се на објавување на ревидираните или дополнителни услови за Тримакс Услугите. Вие сте одговорни за периодично разгледување на овие Услови во однос на било какви измени кон овие Услови кои може да влијаат на вашите права или обврски според ова. Вие се согласувате дека ќе се сметате за известени за или обврзани од било каква измена на овие Услуги од страна на Тримакс. СЕКОЈ ВАШ ПРИСТАП ИЛИ ВАШЕ КОРИСТЕЊЕ НА Тримакс УСЛУГИТЕ ПО ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА РЕВИДИРАЊА ИЛИ ДОДАТОЦИ КОН ОВИЕ УСЛУГИ, ЌЕ ПРЕТСТАВУВА И ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ВАША СОГЛАСНОСТ КОН ОВИЕ РЕВИДИРАЊА ИЛИ ДОДАТОЦИ. Ниедни измени кон овие Услови направени од друго лице, а не од страна на Тримакс, нема да се сметаат за валидни или спроведливи спрема Тримакс освен ако не е јасно договорено на писмено од страна на Тримакс и потпишано од страна на прописно овластено службено лице на Тримакс.

2. Прекин

Овие Услови ќе бидат во сила до нивното укинување од страна на Тримакс. Тримакс може без најава и во било кое време да ги укине овие Услови кои се поврзани со Тримакс Услугите. Во случај на прекин, вие повеќе немате право на пристап до овие Тримакс Услуги, а ограничувањата кои ви се наметнати во однос на Содржината, како и демантите, обесштетувањата или одговорностите образложени во овие Услови ќе го надминат укинувањето.

Тримакс исто така има право без најава и во кое било време да ги укине некои или сите од Тримакс услугите или која и да е нивна карактеристика или дел, или кои било производи или услуги понудени преку нив, или пак да го укине правото на кој и да е поединец за пристап или користење на Тримакс услугите или која било нивна карактеристика или дел.

3. Почитување на законите

Вие се согласувате да ги почитувате сите применливи закони, статути, укази и регулативи во врска со вашето користење на Тримакс услугите и ваше купување на производи или услуги преку нив. Мора да имате најмалку 18 години за да ги користите Тримакс Услугите.

4. Содржина

Текстот, сликите, фотографиите, логоата, илустрациите, описите, податоците и останатите материјали обезбедени од страна на Тримакс или преку Тримакс Услугите, како и нивниот избор, составување или подредување, заеднички се именуваат како ,,Содржина”.

Содржината може да содржи грешки, пропусти или печатни грешки или може да е застарена. Тримакс може во кое било време и без никаква најава да ја промени, избрише или ревидира Содржината. Содржината се дава единствено за информативни причини и не обврзувачка за Тримакс на ниту еден начин освен до степенот до кој ова е особено назначено.

Освен ако не е поинаку објавено, сета Содржина е заштитена со авторски права, трговски марки, сервисни марки и останати сопственички права кои ги поседува Тримакс или трети лица кои го лиценцирале своето користење на Тримакс. Може да ја разгледувате и користите Содржината единствено за ваши лични информации, како и за пазарување и порачување на или преку Тримакс услугите, и за ниедна друга цел. Освен, како што е изнесено во горниот текст, Тримакс не ви дава вам ниту пак на било кое друго лице право да го копирате, умножувате, изменувате, пренесувате, покажувате, објавувате, продавате, создавате неоригинални дела, јавно да го изведувате или дистрибуирате на ниеден начин, метод или процес, кој е сега познат или развиен во иднина, кој било дел од Содржината на или пренесена преку Тримакс Услугите, вклучувајќи без ограничување пренесување, префрлање или пак друго преснимување на Содржината на диск драјв или друг медиум за зачувување. Се забранува какво било користење на Содржината, освен ова што е посебно дозволено во овие Услови или кое е јасно дозволено во содржината или е потпишано од страна на Тримакс во писмена форма.

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПРОЦЕДУРА ЗА ПОДНЕСУВАЊА БАРАЊА ЗА ПОВРЕДА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ

Доколку сметате дека Вашиот труд е прекопиран на начин кој претставува повреда на авторското право или пак вашите права за интелектуална сопственост се прекршени на поинаков начин, ве молиме да му ги доставите следниве информации во писмена форма на агентот за авторско право:

  • Електронски или физички потпис на лицето кое е овластено да дејствува во името на сопственикот на авторското право или друг интерес во врска со интелектуалната сопственост;
  • Опис на работата во врска со авторското право или друга интелектуална сопственост за која трврдите дека е сторена повреда;
  • Опис за тоа каде е лоциран на веб-сајтот на Тримакс материјалот за кој тврдите дека има повреда, вклучувајќи го бројот на производот на Тримакс, доколу истото е применливо;
  • Вашата адреса, телефонски број, број на факс и имејл адреса;
  • Ваша изјава дека имате верување со добри намери дека оспоруваното користење не е овластено од страна на сопственикот на авторското право или друга интелектуална сопственост, негов агент или законите;
  • Ваша изјава, под казна за лажно сведочење, дека горните информации во Вашето Известување се точни и дека Вие сте сопственик на авторското право или друга интелектуална сопственост или сте овластени да дејствувате во името на сопственикот на авторското право или друг сопственик на интелектуална сопственост.

5. Поврзани сајтови со трети лица

Линковите со други интернет сајтови раководени од страна на трети лица, вклучувајќи и продавачи на Тримакс, не претставуваат спонзорство, рекламирање или одобрување од Тримакс на содржината, политиките или практиките на овие поврзани сајтови. Тримакс не ги раководи, контролира или одржува поврзаните сајтови, и Тримакс не е одговорен за достапноста, содржината, безбедноста, политиките или практиките на поврзаните сајтови, вклучувајќи без ограничување политики и практики за ограничување на приватноста. Линковите со други сајтови ви се нудат од практични причини, а кон нив пристапувате на сопствен ризик.

6. Цени; Порачки

Сите цени прикажани во Тримакс Услугите се наведени во соодветна валута. Тримакс може да ја ограничи испораката до одредени адреси. Тримакс ќе додаде трошоци за испорака и манипулативни трошоци и применлив данок на продажба/користење. Тримакс го задржува правото без претходно известување да ги прекине или промени спецификациите и цените на производите и услугите понудени преку Тримакс Услуги без навлекување на каква било обврска за Вас. Производите и услугите понудени на овој сајт се достапни сé додека траат залихите. Описите на, или референците за производите и услугите понудени од страна на Тримакс Услуги не подразбираат препорачување на тој производ или услуга и не претставуваат гаранција од страна на Тримакс.

Потврдувањето на нарачка не претставува прифаќањето на нарачката од страна на Тримакс. Пред прифаќањето на нарачка од страна на Тримакс, може да се побара верификација на информациите и одобрување на нарачката. Тримакс го задржува правото да ја прифати или одбие вашата нарачка, или кој било дел од истата, во кое било време по потврдата на вашата нарачка, дури и по вашиот прием на потврдување на нарачката од Тримакс, од каква било причина. Тримакс го задржува правото да ја ограничи количината на нарачката од кој било предмет и да одбие да услужи кој било корисник без претходно известување.

Поради различните валути, нивните стапки на конверзија и заокружувањето на цените, може да се појават ситуации каде што трансформацијата на цените во различни валути може да резултира со незначителни разлики во цените. Во случај кога производот или услугата се наведени со погрешна цена поради информации за цената на добавувачот или печатна грешка, Тримакс го задржува правото да одбие или откаже нарачка извршена за производот или услугата наведени со погрешна цена, без оглед на тоа дали нарачката е потврдена а вашата кредитна картичка оптоварена. Ако вашата кредитна картичка веќе била оптоварена со набавката, а вашата нарачка е откажана, Тримакс веднаш ќе ви дополни кредит на вашата сметка на кредитната картичка за износот на погрешната цена.

Ризикот од губење и називот на сите производи купени од Ваша страна и испорачани од страна на Тримакс ви се пренесуваат по испораката од страна на Тримакс до транспортерот за испорачување. Ризикот од губење и називот на сите производи купени од ваша страна и испорачани директно од страна на еден од продавачите на Тримакс се пренесуваат од тој продавач до вас по таа испорака на продавачот до транспортерот за испорачување.

7. Одрекување и ограничување на одговорноста во однос на веб страната 3maks.com и содржината

ТРИМАКС НЕ ВРШИ ГАРАНЦИИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ПРЕТСТАВУВАЊА ВО ОДНОС НА УСЛУГИТЕ НА ТРИМАКС ИЛИ КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ ИЛИ СО НЕГОВАТА СОДРЖИНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И ДОСТАПНОСТА НА КОЈ БИЛО САЈТ ИЛИ СОДРЖИНАТА, ИНФОРМАЦИИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ НА НЕГО ИЛИ ТОЧНОСТА, ЦЕЛОСНОСТА, ИЛИ НАВРЕМЕНОСТА НА ТАА СОДРЖИНА, ИНФОРМАЦИИ И МАТЕРИЈАЛИ. ТРИМАКС ИСТО ТАКА НЕ ГАРАНТИРА ИЛИ НЕ ПРЕТСТАВУВА ДЕКА ВАШИОТ ПРИСТАП ДО ИЛИ УПОТРЕБАТА НА УСЛУГИТЕ НА ТРИМАКС ИЛИ НА КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТА ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ ИСПУШТАЊА, ДЕКА ГРЕШКИТЕ ЌЕ БИДАТ КОРИГИРАНИ, ИЛИ ДЕКА УСЛУГИТЕ НА ТРИМАКС ИЛИ НА КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД КОМПЈУТЕРСКИ ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОМПОНЕНТИ. БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРЕТХОДНО СПОМЕНАТОТО, СЕВКУПНАТА СОДРЖИНА ДОСТАПНА НА ИЛИ ПРЕКУ УСЛУГИТЕ НА ТРИМАКС СЕ ОБЕЗБЕДУВА ЗА КОРИСНИЦИТЕ КАКО ШТО Е БЕЗ КАКВА БИЛО ГАРАНЦИЈА, ИЗРАЗЕНА ИЛИ ИМПЛИЦИРАНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИМПЛИЦИРАНА ГАРАНЦИЈА ЗА ТРГУВАЊЕ И ПОДОБНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ, НАЗИВ, НЕ-ПРЕКРШУВАЊЕ, БЕЗБЕДНОСТ, ИЛИ НА КАКВА БИЛО ТРАНСАКЦИЈА ШТО ПРОИЗЛЕГУВА ПРЕКУ ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА УСЛУГИТЕ НА ТРИМАКС. Ве молиме имајте в предвид дека некои надлежности нема да дозволат исклучување на имплицирани гаранции, така што некои од горните исклучувања може и да не се однесуваат на вас. Проверете ги вашите локални закони за какви било рестрикции или ограничувања во однос на исклучувањето на имплицирани гаранции.

ПОД НИЕДНИ ОКОЛНОСТИ ТРИМАКС, НЕГОВИТЕ ДОБАВУВАЧИ ИЛИ НИВНИТЕ ОДНОСНИ ДИРЕКТОРИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ВРАБОТЕНИ ИЛИ АГЕНТИ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА ВАС ИЛИ ЗА КОЈА БИЛО ТРЕТА СТРАНКА ЗА КАКВИ БИЛО ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ, ИНЦИДЕНТНИ, ПОСЕБНИ ШТЕТИ, ИЛИ ОШТЕТА, ИЛИ ПО ДОГОВОР ИЛИ ПО НЕИЗВРШУВАЊЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НЕБРЕЖНОСТ, ПРОИЗЛЕГУВАЈЌИ НА КАКОВ БИЛО НАЧИН ОД ПРИСТАП ДО ИЛИ УПОТРЕБА НА ИЛИ НЕСПОСОБНОСТ ЗА ПРИСТАП ИЛИ УПОТРЕБА НА УСЛУГИТЕ НА ТРИМАКС ИЛИ НА КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ ИЛИ НА НЕГОВАТА СОДРЖИНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЗГУБЕН ПРОФИТ, ДЕЛОВЕН ПРЕКИН ИЛИ ЗАГУБА НА ПРОГРАМИ ИЛИ ДРУГИ ПОДАТОЦИ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ ИЛИ СЛИЧНО, ДУРИ И АКО ТРИМАКС Е ЈАСНО ИНФОРМИРАН ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ.

8. Одрекување и ограничување на одговорноста во однос на производите и услугите

Тримакс сака да сте целосно задоволни со Вашето купување преку Тримакс Услуги. Ако од која било причина Вие не сте целосно задоволни од производот што сте го купиле преку Тримакс Услуги, едноставно вратете го во рок од 30 дена од приемот заради замена или целосно рефундирање на куповната цена. Рефундирањето ќе биде извршено на истиот начин на кој нарачката била платена. По истекот на 30 дена, сите враќања, замени, услуга и поддршка мора да се извршат директно меѓу вас и производителот. Многу производи се спакувани со гаранција од производителот и информации за услугите со детали за специфични услови. Гаранциите на производителот може да се разликуваат од производ до производ.

СИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ПРОДАДЕНИ ОД СТРАНА НА ТРИМАКС ПОДЛЕЖАТ НА КАКВИ БИЛО ПРИМЕНЛИВИ ГАРАНЦИИ И ПРЕТСТАВУВАЊА ОД СТРАНА НА НИВНИТЕ ОДНОСНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ. СООДВЕТНО, ТРИМАКС НЕ ВРШИ ПРЕТСТАВУВАЊЕ ИЛИ ГАРАНЦИЈА ВО ОДНОС НА КОИ БИЛО ПРОДАДЕНИ ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ. ОСВЕН КАКО ШТО Е ЈАСНО НАГЛАСЕНО ОВДЕ, ТРИМАКС ЈАСНО СЕ ОДРЕКУВА ОД СИТЕ ГАРАНЦИИ, ЈАСНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ОД КАКОВ БИЛО ВИД ВО ОДНОС НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ ПРОДАДЕНИ ПРЕКУ ТРИМАКС УСЛУГИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ ИЛИ ТРГУВАЊЕ И ПОДОБНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА ЦЕЛ. Ве молиме имајте в предвид дека некои надлежности нема да дозволат исклучување на имплицирани гаранции, така што некои од горните исклучувања може и да не се однесуваат на вас. Проверете ги вашите локални закони за какви било рестрикции или ограничувања во однос на исклучувањето на имплицирани гаранции.

ПОД НИЕДНИ ОКОЛНОСТИ ТРИМАКС, НЕГОВИТЕ ДОБАВУВАЧИ ИЛИ НИВНИТЕ ОДНОСНИ ДИРЕКТОРИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ВРАБОТЕНИ ИЛИ АГЕНТИ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА ВАС ИЛИ ЗА КОЈА БИЛО ТРЕТА СТРАНКА ЗА КАКВИ БИЛО ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ, ИНЦИДЕНТНИ, ПОСЕБНИ ШТЕТИ, ИЛИ ОШТЕТА, ИЛИ ПО ДОГОВОР ИЛИ ПО НЕИЗВРШУВАЊЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ НЕБРЕЖНОСТ, ПРОИЗЛЕГУВАЈЌИ НА КАКОВ БИЛО НАЧИН ОД ПРИСТАП ДО ИЛИ УПОТРЕЕБА НА ИЛИ НЕСПОСОБНОСТ ЗА ПРИСТАП ИЛИ УПОТРЕБА НА УСЛУГИТЕ НА ТРИМАКС ИЛИ НА КОЈ БИЛО ПОВРЗАН САЈТ ИЛИ НА НЕГОВАТА СОДРЖИНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ ИЗГУБЕН ПРОФИТ, ДЕЛОВЕН ПРЕКИН ИЛИ ЗАГУБА НА ПРОГРАМИ ИЛИ ДРУГИ ПОДАТОЦИ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ ИЛИ СЛИЧНО, ДУРИ И АКО ТРИМАКС Е ЈАСНО ИНФОРМИРАН ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ. ВО НИЕДЕН СЛУЧАЈ ОДГОВОРНОСТА НА ТРИМАКС НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАДМИНЕ ЦЕНАТА ШТО СТЕ ЈА ПЛАТИЛЕ ЗА ПРОИЗВОДОТ ИЛИ УСЛУГАТА ШТО Е ПРЕДМЕТ НА ПОБАРУВАЊЕТО.

9. Обесштетување

Вие сте согласни да го одбраните, обесштетите и да го за невин Тримакс, продавачите на Тримакс и нивните соработници и поврзани лица и нивните односни директори, службеници, вработени и агенти од и против сите побарувања, загуби, одговорности и трошоци (вклучувајќи без ограничување разумни адвокатски трошоци и судски трошоци), произлегувајќи од или поврзани со Вашето прекршување на овие услови или Вашиот пристап до или употреба на Тримакс Услуги. Претходно споменатата обврска за обесштетување ќе го надвладее откажувањето на овие услови и функционирањето на Тримакс Услуги или на кој било производ или услуга обезбедени за вас произлегувајќи од или поврзани со вашата употреба на Тримакс Услугите.

10. Доставувања

Освен ако не е поинаку јасно нагласено во овој документ или во Изјавата за приватност на Тримакс што е посебно испратена, каква било комуникација или материјали што ги пренесувате до Тримакс преку Тримакс Услуги по пат на електронска пошта или поинаку, вклучувајќи без ограничување каков било натпревар или обложувања, влезови, слики, фотографии, видео фајлови, аудио фајлови, есеи, прашања, коментари, предлози, и слично, се и ќе бидат третирани како недоверливи и несопственички и може да се употребат од страна на Тримакс, продавачите на Тримакс, или нивните соработници или поврзани лица за каква било цел, вклучувајќи без ограничување умножување, изменување, откривање, пренесување, издавање, пренос и испраќање по пошта, како и за огласување, публицитет или промотивни цели на кои било медиуми без претходна дозвола, согласност, плаќање или друго разгледување, освен ако не е забрането со закон. Понатаму, Тримакс, продавачите на Тримакс и нивните соработници и поврзани лица се слободни да употребуваат какви било идеи, концепти, знаења, или техники содржани во каква било комуникација што ја испраќате до Тримакс преку Тримакс Услуги за каква било цел, вклучувајќи без ограничување развивање, производство и маркетиншки производи или услуги употребувајќи информации содржани во таа комуникација.

11. Разно

Овие Услови ја сочинуваат целосната согласност од страна на странките во однос на предметот на дискусија во овој документ и ги наследуваат сите претходни писмени или усни согласности меѓу странките во однос на овој предмет на дискусија. Никакво писмено откажување од страна на Тримакс на какво и да е прекршување или пропуст овде нема да се смета како писмено откажување на кое било претходно или последователно прекршување или пропуст. Ако некоја одредба од овие Услови е незаконска, поништена или од која било причина не стапува на сила, тогаш таа одредба треба да се смета како прекината од Условите и не треба да влијае врз валидноста и стапувањето на сила на други одредби од Условите. Насловите и придружните текстови во овие Услови се единствено со намера за погодност и на ниту еден начин нема да влијаат врз толкувањето на Условите. Тримакс нема да сноси одговорност за какво било неисполнување или одложување на исполнувањето предизвикано од страна на акт надвор од разумна контрола, вклучувајќи без ограничување акти или испуштања на трети странки, недостапност на набавки, дефект со опремата, војна, штрајк, заклучување на работни простории при штрајк, пожар, поплава, или друга елементарна непогода, кој било закон, регулатива, декрет, или друг акт или наредба на некој суд, влада или владина агенција, или одложувања, недостапност, грешки или други пропусти на Интернет или други информациони мрежи.