Издавач: Топер
Година на издавање: 2012
Автор: Гијом Мисо
Корица: мека
Број на страни: 380
Кратка содржина:
Во метежот на најголемиот њујоршки аеродром двајца деловни луѓе, буквално, ќе налетаат еден на друг.Мадлин и Жонатан брзо ќе ги соберат растурените работи и ќе продолжат секој на своја страна. Тие никогаш претходно се немаат сретнато, а и веруваат дека таа средба веќе нема да се повтори. Сепак, брзајќи да ги соберат своите работи, случајно ќе си ги заменат мобилните телефони. Кога ќе ја согледаат грешката, веќе ќе ги делат повеќе десет илјади километри-тој е сопственик на ресторан во Сан Франциско, а таа работи во една париска цвеќарница.
иако се свесни дека чепкаат во туѓата приватност, нема да можат да одолеат и ќе ја прегледаат содржината на телефонот што е кај нив. Меѓутоа, нескротената љубопитност ќе ги доведе до фасцинантни откритија: ќе сфатат дека нивниот живот е нераскинливо поврзан со една тајна за која обајцата верувале дека ќе остане засекогаш скриена… Почетокот што навестува романтична комедија ќе се претвори во напнат трилер, а маестралната завршница ќе ги надмине и најголемите очекувања.