Антигона


189 ден

Шифра: 477
Издавач: Феникс
Година на издавање: 2004
Автор: Софокле

„Антигона“ е драма која опоменува на опасноста од тврдоглавото самоволие, но и драма која ја воспева силата на жената „што посега по подвиг којшто не е во силите на женската природа“. Во таа смисла, Антигона често се опишува како „идеален образ на Гркинка“ и „еден од најпрекрасните ликови во светската поезија“. Во секој случај, таа е првиот голем женски лик во светската книжевност. Всушност, таа е надвор од дотогашната грчка традиција, бидејќи таа е голема по дух и се одликува со огромна истрајност и волја и станува против тиранијата, бранејќи ги законите на хуманоста. Нејзината мисла и готовноста да се жртвува добиваат монументална димензија. На тој начин, до ден-денес Антигона ја доживуваме како универзален херој кој дава отпор пред насилството.

Категорија:
Тежина 0.200 g