Шифра: 6666
Издавач: Ниче Димовски Македон
Во својата трета (петта) и најнова книга „БОГ Е ЖИВ“ („Исповед на Чистата душа“), авторот Ниче Димовски – Македон го затвора кружниот пат на својата книжевна трилогија, започната со „Најголемата Вистинска Тајна на Светот“ (2009-та година), печатена 2012-та година на англиски јазик во САД, под наслов „The Greatest Secret Within“, „Вистината за Вечноста“ (2012-та година) и во духовниот простор и време, на читателот му ги остава можноста и изборот да ја октрие и изгради сопствената филозофија на живеење, со што би се поврзал со Универзалниот систем на вредности препознавајќи го како таков во оној другиот, оној поинаквиот од него. Надоврзувајќи се на темите и тезите разработени во претходните две книги, Ниче Македон овој пат ја искажува својата голема љубов кон човекот преку својата вера во богатството и изборот на можности да се продлабочи ризницата на знаењето што постои во секој од нас по пат на сопственото „будење“.