ДЕТЕ 44


420 ден

Споредба

Шифра: 13686
Издавач: Сакам книги
Година на издавање: 2014
Автор: Том Роб Смит
Корица: мека
Број на страни: 440

Кратка содржина:
Кога стравот го замолчува целиот народ, еден човек мора да ја каже вистината.

Во Советскиот Сојуз на Сталин не постои такво нешто како злосторство. А милиони луѓе сепак живеат во страв. Најмал сомнеж за нелојалност или погрешен збор кажан во погрешно време може да осуди невина личност на смрт. Лео Демидов, воен херој со прекрасна сопруга и идеалист, живее во луксуз во Москва в верува дека помага во создавањето на совршено општество. Неховата единствена цел е да и служи на  Државата.

Во тоа име апси, испрашува и убива. Меѓутоа, по погубувањето на еден невин човек, Лео почнува да се сомнева, а набрзо добива наредба под исто сомнение да спроведе истрага и за својата сопруга, Раиса. Тој е принуден да донесе одлука на чија страна е. Дали е подготвен за доброто на Државата да се откаже од својата преубава жена и да ја обвини?  Дали неговата сопруга која изгледа така кротко и наивно навистина е жената која тој мисли дека е? Одлуката не е лесна, бидејќи и покрај тоа што многумина би можеле да го сметаат за животно, тој вистински ја сака Риса.

Тогаш се случува невозможното. Во земјата во која,, не постои злосторство” се појавува сериски убиец на деца кој остава крвава, перверзна трага низ целата држава. Но како да се фати ова чудовиште во држава која воопшто не сака да признае дека такво нешто е можно? Лео почнува своја истрага, а како завршува истата веројатно не би можеле да погодат ни најголемите љубители на трилери…

SKU: 13686 Категорија
Тежина 0,400 g