Шифра: 6434
Издавач: Книгохоличари
Автор: Дот Хачинсон
Јазик на преводот: македонски
Корица: мека
Во една изолирана стаклена палата има стаклена градина. Во оваа градина растат разнобојни цветови, бујни дрвја…и колекција на бесценети пеперутки – млади жени кои биле киднапирани и тетовирани во пеперутки.
Градинарот; брутален, изопачен човек, опседнат со фаќање и зачувување на неговата колекција пеперутки-жени. Убавината, очајот и стравот беа насекаде присутни.
Кога ќе се открие градината, се носи преживеан на распит. Агентите од ФБИ имаат задача да го разоткријат најкомплицираниот случај во нивната кариера. Но, девојчето познато како Маја, самата по себе е загатка. Нејзиното сведочење го открива теророт и агонијата на најубавите места кои кријат најтемни тајни.
Вистинските пеперутки може да летаат далеку од дофат. Но, за пеперутките на Градинарот секој обид за лет беше – пад. Некои остануваа скршени, други пак се составуваа и изгледаа целосни, со сите остри рабови на виделина…