Јас и Ти


410 ден

Издавач: Сакам книги

Година на издавање: 2014

Автор: Кристан Хигинс

Корица: мека

Број на страни: 363

Кратка содржина:

Една грешка во раните дваесетти години може да те научи на многу работи, еден катастрофален развод може да те натера никогаш повеќе да не веруваш во брак и вистинска љубов. Може дури и да те натера да станеш адвокат за разводи за да им помагаш на луѓето со слична судбина. Хапер Џејмс има работа во која страшно добра, куќа на плажа која ја обожава и тип кој го посакува скоро секоја жена во градот. Да, добро, фатално скршеното срце ја прави ладна, крута и затворена, но вака барем никој не може да ја повреди.Таа сега знае дека бракот не се гради со љубов, туку со партнерство и разбирање, па не и треба филмска љубов за да направи совршен план за живот. И нејзиниот план звучи солидно.. се додека нејзината полу сестра не и соопштува дека ќе се мажи за братот на нејзиниот бивши маж. После толку долги безбедни години, Хапер на свадбата треба да го види човекот чија сама појава и го превртува светот наопаку.

Ник Ловери е маж кој многу добро знае како да ги добие и задржи работите што ги ска во животот. Освен една. Љубовта на неговиот живот која многу одамна му се лизна низ прсти. Како и да е, тој и Хапер се болна, античка историја. И покрај тоа што се уште има чувства за неа, тој не може да и прости за неверството со кое дошол и крајот на нивниот брак.

Категорија:
Тежина 0.500 g