Проколната земја


350 ден

Споредба

Шифра: 6511
Издавач: авторот Мирче Пешевски
Година на издавање: 2020
Автор: Мирон Динков
Корица: мека

Максут и Фејзал беа млади офицери во турската војска чија храброст и пожртвуваност особено се истакна спасувајќи го синот на султанот од сигурна смрт. Како награда, султанот им вети сé што ќе посакаат. Тие ја посакаа својата слобода. Се вратија на родното огниште од кое беа оттргнати како деца.

Максут стана Константинос Хаџи-Макис, Грк, а Фејзал Јован Хаџи-Јанев, Македонец. Годините што следеа по Илинденското востание не беа ни малку лесни за Динката и неговото семејство. И тој реши. Ќе ги прати синовите во подобра иднина. Доста е од војни. Неговите деца заслужуваат да живеат. Четирите сина ги испрати во Америка.

Едно случајно познанство на бродот со кој патуваа им ги отвори вратите во ветената земја. Но во ветената земја не им течеше мед и млеко. Шест дена во неделата поминуваа работејќи во рудникот. При една тешка рударска несреќа, најмалиот брат Стефан го спаси животот на Индиецот Арсак Хифас. Арсак знаеше дека нема да преживее. Како аманет, на Стефан му го остави садот за вино со изрезбано сонце. Оваа светост еден ден да се врати таму од каде што е дојдена. Таа треба да се врати таму од каде и самиот тој ја зема-Александар од Македонија.

Приказна која ќе ве поведе низ времето. Ќе ги видите и војските на Александар, Турската Империја, двете светски војни, егзодусот на децата бегалци од Егејска Македонија, комунистичка Југославија и независна Македонија. Приказна за животот на печалба, но и за животот во родната земја. Приказна за аманетот на предците, за богатството, но и за клетвата. Приказна за семејството, за блискоста и за отуѓувањето, за политиката и за поделбите. Приказна за една проколната земја, приказна за Македонија.

Категорија
Тежина 0,2 g