Шифра: 3182
Автор: Проф. Д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон;
Рецензенти: Академик Ѓорѓи Поп-Атанасов и
Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски;
Година на издавање: 2018
Јазик на оригиналот: македонски и англиски
Број на страни: 128
Повез: Мек
Книгата е во колор, збогатена со илустрации и испечатена на високо квалитетна хартија
Со благослов од Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан Поглавар на Македонската православна црква;
Содржина:
Бог говори за Македонија.
А што кажал Бог за Македонија? Ги спомнува ли Македонците?
Ја пишува ли Македонија во Библијата?
Има ли Македонци во Светото писмо?
Се спомнуваат ли македонски цркви во Библијата?
Дали е сето ова вистина? Така ли пишува и во твојата Библија?
А кој го напишал тоа? Кога и за кого? Чија е таа желба и по чија волја?
Само еднаш ли е тоа запишано некаде во Библијата, случајно, неважно и непотребно, како на грешка?
Не еднаш, туку скоро триесетпати е запишано; не е неважно и непотребно, туку со особено значење и не е отпосле додадено, туку е во библискиот текст од секогаш до денес ‒ го има и во најстарите и во најновите Библии, на најстарите и најсовремените јазици.
Токму тоа ви го нудиме во оваа книга, драги читатели.
Повелете, прочитајте ја и уверете се.
Ви ги посочуваме издвоени библиските текстови и тоа на 7 јазици…