Математичка авантура


220 ден

Споредба

Шифра: 7303
Издавач: Тримакс
Автор: Халед Никовски
ИСБН: 9786082043388

Опис:
Книгата Maтематичка авантура е создадена за учениците, од рана возраст да стекнат основни математички знаења и вештини на забавен и интересен начин, учејќи низ игра да ја засакаат математиката.
Математиката е наука со чиешто проучување можеме да го разбереме светот околу нас. Таа не само што е многу корисна, бидејќи математичкиот јазик е основен јазик на науката, туку е интересна и забавна. Оваа книга е создадена за учениците да ја пронајдат убавината на математиката, преку игра и разонода да увидат дека секој проблем има свое решение. Во нашето секојдневие ние постојано се среќаваме со проблеми кои можат да се решат со помош на науката. Секое дете ја сака играта, а со оваа книга преку игра се учи математиката и нејзината практична примена во решавањето проблеми со што се развива креативното и логичкото размислување. Знаењата стекнати на овој начин се трајни знаења.
Решавајќи ги задачите од книгата ќе се уверат во забавната страна на учењето, ќе стекнат самодоверба во наоѓање решенија за математичките проблеми и нивната примена во секојдневниот живот.

SKU: 7303 Категорија
Тежина 0,2 g