Шифра: 7050
Издавач: Сакам книги
Година на издавање: 2014
Автор: Џилијан Флин
Корица: мека
Број на страни: 345
Кратка содржина:
Во мало мирно гратче каде сите луѓе се познаваат и фино си живеат, се случува грозомотен масакар. Убиена е мајка заедно со своите две мали ќерки. Најмалата ќерка, Либи Деј, успева да побегне низ прозорецот. а братот, Бен Деј, е обвинет за убиството на своето семејство и осуден на доживотен затвор, Либи Деј тогаш имала само седум години и била клучен сведок за затварање на нејзиниот брат.
Сега, после дваесет и пет години, Либи живурка и си ги исполнува деновите со постојано размислување за самоубиство. Таа сеуште го неманадминато масакарот, а и кој би можел? Но, баш ког мисли дека неможе да биде полошо, се појавува група на луѓе кои се убедени дека таа го сместила погрешниот човек во затвор со нејзиното збунето детско однесување. Таа сепак не го видела убиецот, само го слушнала неговиот глас. Дали е можно Бен да е невин? Дали постои некоја семејна тајна што Либи би можела да ја открие или таа само се залажува затоа што сака братот да и се врати?Либи почнува да истражува и сфаќа дека сите во семејството имале по некоја тајна тој ден….а особено Бен. Кој го извршил масакарот?