Издавач: Сакам книги
Година на издавање: 2011
Автор: Џули Џејмс
Самоуверена, безобразна, непобедлива… Пејтон Кендал: феминистка до коска која дава сѐ од себе за да успее во професијата во која доминираат мажи. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, таа има само една цел пред себе – да биде унапредена во партнер. Амбициозен, надмен, пеколно згоден… Џеј Ди Џејмисон: богато семејство, гламурозен стил на живот, амбициозен и професионален, најдобар во својата работа. Осум години, ден и ноќ, работни денови и викенди, без одмори и паузи, тој има само две цели пред себе – да биде унапреден во партнер… и да ја игнорира Пејтон.