Издавач: Сакам книги
Година на издавање: 2015
Автор: Сара Дарер Литман
Јазик на преводот: македонски
Корица: мека
Број на страни: 315
Кратка содржина:
Аби тргнува во средно школо – тоа треба да е многу возбудливо, нели? Но нејзе не и е гајле. Сите и велат да се потруди околу себе, но таа се прашува зошто не ја остават да биде своја, зошто ја тераат да се преправа дека е нешто што не е? Аби се чувствува како претходно среќниот живот да и се лизга низ прсти, како никој да не ја поддржува и сфаќа. Единствената работа во која ужива се разговорите со Лук, момче кое го запознава на интернет, единствениот кој ја разбира. онлајн разговорите со Лук делуваат некако опасно, но сепак добро – тој е нејзината тајна, а таа негова. Тогаш Лук ја замолува да се сретнат и таа прифаќа. но лук не е оној кој Аби мисли дека е.
Кога Аби одеднаш исчезнува, сите останати имаат задача да ги спојат делчињата од спојувалката. А ако не успеат во тоа, постои голема шанса никогаш повеќе да не ја видат својата пријателка, сестра и ќерка.