Подземната република


490 ден

Споредба

Издавач: Тримакс

Година на издавање: 2011

Автор: Ванчо Ѓорѓиев

Наслов на оригиналот: Подземната република

Јазик на оригиналот: македонски

Број на страни: 509

ISBN: 608-204-042-2

Издание: второ

Корица: мека

 

Кога ова дело ќе стигне во рацете на читателот, научник или обичен намерник кој се интересира за историја, никого нема да остави рамнодушен. Тоа е пред сѐ заради стилот на пишување, големиот број на добро срочени и поврзани податоци, внимателно одбрани зборови за објаснување на многуте нејаснотии во навидно јасната историја на македонското ослободително движење… Авторот не ги крие и оние нешта што може да предизвикаат разни реакции и коментари за дејностана Дамјан Груев. Тој бил човек со карактер, со доблести, но и недостатоци. Тој знаел да проценува, но и да греши… Ова е голема книга, за да може да биде прирачник за брзо читање. Ова книга ќе предизвика интерес, но и полемика со сите оние што се занимаваат со историјата на македонското ослободително движење во Р. Македонија, но и во соседните земји. Тука ќе го најдат Даме Груев, таков каков што бил… (проф. д-р Далибор Јовановски) Д. Груев, беше еластичен, прониклив и практичен ум, помалку на теорија, отколку на дело. Во практика тој имаше нешто сократско по иронијата и методот на пропагирање на ослободителната идеја… Неговиот индуктивен манир и вера во народните сили многу му олеснуваа во пропагандата. Тие квалитети, од него создадоа еден редок организатор – апостол. (Првиот претседател на ЦК на МРО, Христо Татарчев, за Даме Груев) Груев е родум Македонец и постојано живее во Македонија… Тој има големо влијание не само во Македонија, туку на него сметаат и бугарската и српската влада. Турската влада ја има оценето неговата глава на 5000 лири. Г. Груев е релативно млад човек, со убав библиски лик… (Рускиот весник Новое Време за Даме Груев 1905 г.)

Категорија