Издавач: Сакам книги
Година на издавање: 2013
Автор: Лиен Мориарти
Јазик на преводот: македонски
Корица: мека
Број на страни: 349
Кратка содржина:
Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислите дека писмото ја содржи неговата најдлебока, најмрачна тајна- нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг се уште е многу … жив.
Сесилија има постигнато се: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопруга на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Но ова писмо ќе смени се и тоа не само за неа. Рејчел и Тес едвај ја знаат Сесилија, но тие исто така ќе ги почувствуваат катастрофалните последици од тајната на нејзиниот сопруг.