Шифра: 2004
Издавач: Сакам Книги
Година на издавање: 2016
Автор: Лорен Лејн
Наслов на оригиналот: The Kiss
Јазик на оригиналот: англиски
Јазик на превод: македонски
Број на страни: 216
Корица: мека
Една популарна колумнистка би направила сè за приказна. Сè… освен да се вљуби.
Џули Грин обожава кратки и слатки љубовни авантури. Секси први состаноци, неодоливи први бакнежи, пеперутки во стомак. Но тренерки, пица и гледање филмови со дечко во петокот навечер? Грозно. Но кога ја добива најтешката приказна во нејзината кариера – од прва рака да открие и да напише како авантурите преоѓаат во сериозни врски – ѝ треба некој доволно храбар маж што ќе ѝ даде шанса за нешто повеќе на девојката што не сака да чуе за љубов.
И Мичел Форбс во друг случај би бил идеалниот маж за тоа. Невозможно згодниот воркохолик кој е познат само по долгите врски би требало да биде совршениот субјект за „истражувањето“ на Џули. Но она што таа не го знае е дека Мичел сега сака само кратка и несериозна авантура за првпат во животот. Впрочем, се има обложено дека може да го изведе тоа. И долгоногата новинарка позната по тоа што секогаш бега од љубов е баш онаква девојка каква што му треба. Со други зборови, Мичел е тотална спротивност на она што ѝ треба на Џули сега. А во исто време, тој е токму тоа што таа го сака.
Идеален избор за сите љубители на Џули Џејмс! Почеток на нов секси серијал, Стилето.
Регистратор Premium, А4, во боја 50мм
Двоглед Levenhuk Karma Base 10x42
М3А Пријава за промена на податоци во текот на задолжителното социјално осигурување
Покани за роденден
Ти си тој што го сакам 


