Кој празник ќе прославувате овој 14 – февруари?
Постои од секогаш вечна расправија кој празник да се прославува дали христијанскиот празник Св. Трифун со добро вино, или да се прославува католичкиот празник Св. Валентин со чоколадо.
Младите и вљубени веднаш ќе кажат св. Валентин, додека повозрасните би го одбрале св. Трифун.
Дали треба да се слави едниот или другиот празник е индивидуално прашање. Едно е сигурно, сите мора да ги почитуваме другите ставови и верувања, за да ги ценат нашите. Навистина не треба да се грижиме кој го слави „Денот на вљубените“ и кој го слави Св. Трифун. Не треба да бидеме верници со зборови, туку со дела. Не треба никого да судиме, тоа не е во ред.
Почитувајте го она што го сметате за достоен за почит, сакајте го тоа што го сака вашето срце.
Секогаш е најдобро да ја славиме нашата љубов со чаша убаво вино. И проблемот е решен. 🙂
Посетете ги Тримакс книжарниците секако ќе Ве изненадат со убава понуда на книги и гифт програма за подароци.