За нас

Тримакс Книжарници се основани во 2000 година во Скопје, Македонија.

За продажба и услуга задолжени се вработените во Тримакс:

  • Книжарници управа: Розета Јанковска, Марија Димитрова.
  • Книжарници продажба:  Катарина Јанковска,  Фросина Здравеска, Марина Цимбуровска, Тања Рајевска, Јелена Тасевска, Сузaна Левајковска, Снежана Таневска, Драгица Станисавовска…

Книжарници и онлајн продажба –  Има девет книжарници кои успешно работат и се познати меѓу потошувачите. Седум книжарници во Скопје во четири општини (Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош), една книжарница во Крива Паланка и една книжарница во Охрид.
– Книжарниците нудат најразличен асортиман на производи како: училишни материјали, ранци и ташни, хамери и крафт програма, канцелариски материјали и куфери, изданија – детски изданија, лектири и популарна белетристика, гифт програма и честитки. Изданијата и картографската програма може да се најдат во сите книжарници на Тримакс.
– Покрај изданија книжарниците нудат и услуги како: фотокопирање и печатење на материјали во црно-бело и во боја, праќање мејлови, вкоричување на скрипти и пластифицирање.
– Книжарниците постојано организираат акции и попусти на производи. Има развиено лојална програма преку клуб картички кои можат да се земат бесплатно во која било книжарница. Книжарниците соработуваат и со Лајонес (Cashback word).
– Книжарниците соработуваат со многу компании кои купуваат канцелариски материјали во готово или на фактура. И има развиено лојална програма и за правните лица да пазаруваат на попуст, и врши достава на материјали до компанијата.
– Вработените во книжарниците се енергични и проактивни луѓе кои одлично се грижат за книжарниците и нудат брза и квалитетна услуга на потрошувачите.
– Онлајн продажба – Покрај продажбата во книжарниците Тримакс има и развиена онлај продажба преку неколку канали за продажба: веб страната www.knizarnicitrimaks.mk, Facebook профилот https://www.facebook.com/trimaks.mk/, нарачки по мејл и нарачки по телефон. Тримакс располага со голем возен парк и соработува со неколку брзи пошти се со цел навремена и квалитетна достава на порачаните производи.

Кариера со Тримакс

Тримакс постојано е во потрага по креативни и талентирани млади луѓе. Иако во моментот немаме отворено конкурс за работни позиции имаме потреба од надополнување на нашата база на потенцијални вработени. Поради тоа секој што е заинтересиран за работа во нашите продажни места – книжарници во Скопје,  може да ни испрати свое CV  на следниот е-меил: rozetajankovska@trimaks.mk

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ НА ДРУШТВОТО

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетна услуга и производ на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност нивните барања, потреби и очекувања.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиетите и ќе ги проучува  и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на услуги и производите кои ги нуди.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со сите заинтерсирани страни.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе ги поддржува Системот за управување со квалитет, во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се  обврзува на идентификација на внатрешните и надворешните прашања и очекувања, како и ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на услугите и производите кои ги нуди.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се стреми кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ применува процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите услуги и производи.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива од областа на заштита на работната и на животната средина, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на идентификување на сите аспекти на животната средина до кои се доаѓа или може да се дојде и ставање под контрола на значајните аспекти за животната средина.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ постојано ќе се стреми кон подобрување на своите дејности и услуги да бидат во склад со животната средина, преку доследно почитување на законите, прописите и стандардите.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе вложува максимални напори за зачувување на здравјето и безбедноста на сите заинтерсирани страни во деловни активности.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува да ги извршува сите активност во согласност со соодветните прописи и закони за заштита на здравјето и безбедност при работа.

Управител  Горан Димитров

Скопје, 04.03.2019  година

Подолу се нашите сертификати и овластувања: