Издавач: Тримакс
Година на издавање: 2011
Автор: Јадранка Клисарова и Жаклина Ристовска
Наслов на оригиналот: Другаруваме со животните
Јазик на оригиналот: македонски
Број на страни: 42
ISBN: 608-204-087-2
Корица: мека
Во оваа работенка се дадени разновидни забавни вежби и задачи преку кои децата ќе ги запознаат животните на лесен и интересен начин. Подготвени се активности со кои ќе научат да ги препознаваат домашни и диви животни. Прилозите се предвидени за деца од 4 до 8 години, додека за помалите деца е предвидена забава со боење на некои од животните и лепење налепници на другите. На задната корица, со системот пиши-бриши децата можат безброј пати да пишуваат и цртаат. Може да се греши, да се брише и повторно да се црта и пишува.