Шифра: 6204
Издавач: Сакам книги
Година на издавање: 2018
Автор: Шеви Стивенс
Корица: мека
Број на страни: 350
Кратка содржина:
Едно топло летно утро, кога Ени- триесет и две годишна агентка за продажба на недвижнини го напушта својот дом за да оди на презентација на куќа, таа иама само три цели: да ја продаде истата куќа, да заборави на караницата со мајка и од тоа утро и да стигне навреме за вечерата со нејзиното фино и трпеливо момче. Презентацијата на куќата не оди сјајно, па кога последниот посетител пристигнува баш кога Ени се подготвува да си замине, таа помислува дека среќата конечно ќе и се насмевне. Реалноста е далеку од тоа.
Половина горчлива драма, половина неизвесен трилер, Ени ја раскажува својата приказна низ сесии на нејзиниот психијатар. Една година помината во напуштена планинска колиба, една предолга година киднапирана, тепана, изолирана, силувана, малтретирана и брутализирана. И потоа, по нејзиното конечно ослободување, таа почнува да бара одговори на прашањето: Зошто? Но некои прашања е подобро да останат неодговорени..
Низ сесиите со психијатарот и во соработка со полицијата, Ени полека почнува да дознава некои работи, а ние-заедно со неа-почнуваме да се сомневаме буквално во секоја од нејзините најблиски личности.