Издавач: Тримакс
Година на издавање: 2016
Димензии96 x 66 см
Размер: 1 : 300 000
Изработка: Печатена на конздрук 115 g/m2. Лакирана. Спакувана во кесичка.
ISBN:  998994068-1

На картата Македонија е претставена целата патна и железничка мрежа, почнувајќи од автопатите, магистралните, регионалните па се до локалните патишта, кои можат да ве доведат до било која сакана дестинација. На картата уште е претставен и опфатот на епархиите на македонската православна црква, а со мали симболчиња се прикажани и сите поважни цркви и манастири. Со соодветни симболи и топоними се обележани сите населени места од 50 до 700 000 жители, потоа скоро сите планини, реки, езера, аеродроми, археолошки наоѓалишта, бањи, рудници, хотели, мотели… Во склоп на картата, од другата страна, се наоѓа краток опис на поголемите цркви и манастири, и тоа од кога датираат, од кој се изградени, поважните случувања кои се случувале во текот на минатото итн. Картата е работена под координирање на проф. д-р Ратомир Грозданоски, професор на православниот богословски факултет во Скопје.

Тежина 0.250 g