Издавач: Тримакс
Година на издавање: 2016
Димензии: 96×66
Размер: 1:55 000
Изработка: Печатена на конзрук. Лакирана. Спакувана во кесичка.
Маврово на 19.04.1949 г. е прогласен за национален парк со површина од 11.750 ха. Неговата територија се зголемила повеќе од шест пати или на 73.088 ха.
Во паркот се наоѓаат 36 населени места во 4 предели : Мавровска Котлина, Горна Река, Мала Река и Долна Река. Паркот е сместен на територијата на општина Маврово-Ростуша и е најголем национален парк во Македонија. Подрачјето на Паркот ги опфаќа Шар Планина, Бистра, Кораб и Дешат. Низ средината на Националниот парк тече реката Радика.
Во овој парк можат да се сретнат 12 ретки видиви билки и други 33 видови билки кои ретко се среќаваат во другиот дел на државата. Фауната е претставена со 12 видови водоземци, 12 видови влечуги, 140 видови птици, 38 видови цицачи (меѓу кои мечка, рис, дива коза и елен).
Покрај Мавровското Езеро, главни претставници на хидрографијата во НП “Маврово” се реката Радика и нејзините притоки. Таа ги разделува планините Бистра, Кораб, и Шар Планина. Реката тече низ средишниот и долниот дел на Националниот парк. долината на реката се карактеризира со прекрасни пејсажи и места погодни за спортски риболов.
Националниот парк е богат и со леднички езера од кои 14 се постојани. Најниско од нив е езерото Локув на планината Дешат, а највисокото се наоѓа под врвот Голем Кораб на 2.470м.