, , ,

ВМРО 1904-1908. Поглед низ документи


890 ден

Шифра: 3158
Издавач: Тримакс
Во соработка со Филозофски Факултет Скопје

Потфатот за пишување на сеопфатна историја на Македонската револуционерна организација е во одреден степен сличен со трпеливата работа на конзерваторот кој ги бара камчињата на растурен мозаик и повторно ги спојува во нивниот првобитен облик. Тоа претпоставува детално познавање на сите сегменти од дејствувањето на Македонската револуционерна организација, како и способност да се нурне во минатото и ментално да се пресоздаде атмосферата во последните децении на османлиска Македонија.
Првиот дел од мозаикот, Ванчо Ѓорѓиев го состави во 2013 година, кога беше објавен зборникот „ВМРО 1893-1903. Поглед низ документи“. Сега, во нашите раце ги држиме последните камчиња од мозаикот и конечно можеме да ја видиме целата слика – таква како што беше составена од дејците на Организацијата.
Низ страниците на овој труд, како и во претходниот Зборник, не зборува авторот, туку актерите. Зборуваат раководителите и протагонистите на Организацијата, но зборуваат и поединци кои биле во судир со неа. Токму овој објективен, темелен и неселективен пристап кон изворната документација, го прави зборникот неизбежна литература за сите истражувачи и љубители на историјата на македонското револуционерно движење и ни овозможува да ја видиме Организацијата таква каква што била – автохтона и македонска.
Проф. д-р Никола Минов

Тежина 0.5 g