Издавач: Тримакс
Година на издавање: 2015
Автор: Група автори
Наслов на оригиналот: Македонија Туристички водич
Јазик на оригиналот: македонски/англиски
Фотографија: м-р Влахо Бранѓолица
Број на страни: 304
ISBN – 10: 608-204-081-3
Корица: мека
Издание: Трето
Над 750 фотографии, илустрации и мапи, што да посетите, каде да престојувате, каде да јадете? Ова е водич кој овозможува да ѝ пријдете на Македонија поблиску. Водич со кој се движите низ просторот и времето, од античко минато до сега. Водичот започнува со неколку страници објаснување за Република Македонија, како местоположба и основни општествени и природни карактеристики. Водичот е поделен на неколку поглавја. Во ова второ дополнето издание на водичот на Македонија е вметнат скопскиот регион, кој го немаше во првото издание. Преуреден и дополнет со илустрации и фотографии, дополнет со тековни податоци, за хотели, ресторани, книжарници, бензиски, места за посета, туристички агенции и сл. податоци кои можете да ги најдете на крајот на секој регион.