Од љубов до омраза
Издавач: Сакам книги
Година на издавање: 2012
Автор: Кристан Хигинс
Корица: мека
Број на страни: 350
Кратка содржина:
Откако нејзиниот татко го губи целото семејно богатство во нелегална зделка, самохраната мајка Паркер Велс е соочена со неколку многу тешки одлуки. Како прво: таа мора да се упати кон Заливот Гидеон, Мејн, за да го продаде единствениот имот кој сега го поседува – една мала полураспадната колиба на брегот која бара сериозно средување. Кога потрчкото на нејзиниот татко, неговиот личен адвокат Џејмс Кахил, се нуди да дојде со неа да и помогне, таа не е воодушевена, но нема друга опција.
Со оглед на тоа што сега мора да заработува за себе и за своето синче, Паркер почнува да работи во цвеќарнаца и полека да се наоѓа себеси по пат. Можеби животот без богатство и не е така лош. И можеби Џејмс не е толку плиток и расипан како што мисли таа. Но ништо не е црно-бело. Привлечниот Џејмс, има многу добри страни, но исто така има и тајни. А Паркер е осамена и пати за сродна душа, но сепак не е сигурна дека е подготвена за љубов.