Роза за балерината


300 ден

Споредба

Верувате ли во љубов на прв поглед која трае цел живот? Верувате ли во пасија која ве крева на нозе и тогаш кога животот со сета сила зема замав за да ве турне на земја? Мелинда и Џес се најдобри пријатели од прво одделение. Го делат детството, ја делат куќарката на дрво, ја делат ужината на училиште, ги делат тајните и соништата… Се додека преселбата поради разводот на родителите на Џес не ги раздели. Мелинда сонува да стане прима балерина. Џес сонува да се врати кај Мелинда за повторно да бидат заедно. Иако меѓу нив стојат километри, ништо не може да ја раскине нишката на пријателството и љубовта која ги врзува. Ништо… освен суровата игра која животот ја подготвува за нив.

Категорија