Шифра: 1595
Издавач: Феникс
Година на издавање: 2009
Автор: Албер Ками
Албер Ками француски романсиер и драматург и есеист по своето уверување е либерален хуманист, духовен ментор не само на француската туку и на светската повоена генерација интелектуалци. Главен лик во романот е Мерсо, Алжирец (државјанин на Франција, но живее во Северна Африка), кој обземен од тегобност, здодевност и бесмисла, навидум без причина, убива млад Арап. Приказната е поделена на два дела, во првиот дел прикажани се настаните кои водат до убиството, а во вториот настаните кои следат откако Мерсо е приведен.