, , ,

Црквите и Манастирите во Македонија


490 ден

Споредба

Шифра: 5888
Издавач: Тримакс
Година на издавање: 2012
Автор: Група автори
Наслов на оригиналот: Црквите и манастирите во Македонија
Јазик на оригиналот: македонски/англиски
Фотографија: м-р Влахо Бранѓолица
Број на страни: 344
ISBN: 608-204-108-9
Јазик: Македонско-Англиски
Корица: мека
Издание: Првo

Цркви и Манастири во Македонија е  исцрпно издание кое ги претставува  сакралните христијански храмови во Македонија. Ова издание е од енциклопедиски карактер кое содржи многу корисни податоци кои можат да се користат и од стручни лица и проучувачи на оваа тематика, па се до пошироката читачка публика. Водичот е напишан на два јазика: македонски и англиски со што изданието може да се користи и надвор од границите на Македонија, има интернационален карактер и помага во промовирањето на македонската култура и црковно наследство и надвор од Државата. На почетокот на изданието е претставена историјата на христијанството во Македонија од  нејзиното ширење во првиот век , нејзиниот развој низ вековите, создавањето на средновековната  Самоилова држава и создавањето на самостојна црковна институција и подоцна создавањето на Охридската архиепископија, прогласувањето на автокефалност, па се до денешно време.  Денес, диецезата на МПЦ има вкупно десет епархии од кои три се надвор од неа (Американско-канадска, Австралиско-новозеландска и Европска епархија), а седум се во Македонија. Оваа монографија ги претставува токму овие седум епархии кои се наоѓаат на територија на МКД. По воведниот дел за историјатот на христијанството во Македонија, претставени се седумте епархии и тоа: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Брегалничката, Полошко-кумановската, Струмичката и Повардарската. На крајот од делото има мал зборовник кој ги објаснува основните поими, симболи и опис на нивното значење. И сосема на крајот се претставени биографиите на поглаварите и митрополитите на Македонската православна црква, збогатено со нивни фотографии. Секоја епархија е посебно означена и одделена, започнува со  слика од црква или манастир, а потоа е даден списокот на цркви и манастири кои се лоцирани на мапа од истиот регион т.е. епархија. Секоја црква од реонот е сликовито и текстуално претставена. Водичот изобилува со многубројни фотографии, илустрации и по некоја мапа од епархијата. Претставени се црквите во Македонија, нивната историја, временскиот период – век кога се подигнати, местоположбата, претставени се најважните и најпознатите икони и фрески по кои е позната некоја црква или манастир. Претставена е црковната уметност: фрескосликарство, резбарство, иконосликарство – кои претставуваат ремек дела и имаат високи ликовни вредности. Претставени се и црквите кои биле просветителни центри каде се развивала и црковната средновековна ,,литература”. При претставување на црквите е опишана и црковната архитектура.

Тежина 0,950 g