,

Запознајте ја природата


199 ден

Споредба

Издавач: Тримакс

Година на издавање: 2013

Автор: Јадранка Клисарова и Жаклина Ристовска

Наслов на оригиналот: Запознајте ја Природата

Јазик на оригиналот: македонски

Број на страни: 48

ISBN: 608-204-117-8

Корица: тврда

 

Природата е чудесна, дарежлива и прекрасна. Природата треба да се сака и чува. Оваа книга ја посветивме токму на нашата сакана Природа. Започнуваме со годишните времиња, со планетата земја и описот на природата. Во природата има разновидни растенија кои имаат различни плодови кои се јадат или не. Имаме поделба на растенијата на зеленчукови и овошни, на свежи или конзервирани, житни растенија, индуструски растенија, лековити растенија, зимзелени и листопадни дрва, ливадски и собни растенија. Секој дел од оваа едукативна книга изобилува со описи и слики, со подолги и покуси текстови и песнички.  Сето ова е направено детето да ја запознае природата, да го утврди своето знаење и да научи нешто ново, кое досега не го знаело за Природата. Книгата е наменета за деца до 10 годишна возраст и може да се користи дома или во училиште, но во секој случај изобилува со корисни информации и слики кои ја дополнуваат целината. Другаруваме со природата е книга која ќе ја посака секое дете, книга која ќе го задржи вниманието на секое дете, и ќе го поттикне да другарува со природата и да ја истражува.

Забавна, едукативна и сликовита книга Другаруваме со природата. Подарете му ја Природата на вашето дете. Поттикнете го да учи, истражува и запознава. Кога ќе ги постигне овие три работи тоа ќе знае како да ја заштити природата и како да ја негува. При подотовка на книгата се почитувани правилата преземени од Бирото за образование. Книгата е направена според наставната програма предвидена во училиштата. Запознајте ја природата преку интересни текстови, убави илустрации и јасни описи. Дополнителна литература за вашето дете. Природата е: Чудесна – затоа што на неа опстојуваат многу видови растенија, животни, а и луѓето.  Волшебна – затоа што таа обезбедува услови за живот на целиот жив свет. Прекрасна – затоа што сѐ што е создадено од неа има своја посебна убавина.