, , ,

Византинци начин на живот


450 ден

Споредба

Издавач: Трикакс

Година на издавање: 2017

Автор: проф. Д-р Александар Атанасовски

Јазик на оригиналот: македонски

Број на страни: 302

ISBN: 608 204236-0

Корица: мека

 

Илјадагодишната историја на Византија во суштина претставува историја на Источната Римска империја. За да се разликува античката историја на Стариот Рим од средновековната, научниците условно го зеле терминот „Историја на Византија„. Името доаѓа од античкото име на градот Бизантион (Византион) на чие што место Константин Велики ја подигнал новата-средновековна престолнина на Римската империја и со тоа дал нов тек на настаните. Токму периодот на неговото владеење се зема за праг помеѓу античката и средновековната историја. Кога велиме „Византинци„ мислиме на сите народи, кои што живееле во рамките на Источната Римска империја, без  да го потенцираме нивното етничко потекло, бидејќи самите тие се третирале како поданици на Римската империја и нејзе & служеле.