Како да имате подобри состаноци во канцеларијата

Сите го знаеме чувството кога имате милион незавршени обврски, но сепак мора да се упатите кон уште еден состанок. Што е уште полошо, имате сомневање дека истиот ќе биде губење на вашето време, кое веќе е ограничено.
Но сепак, не можеме да ги откажеме состаноците целосно. Истражувањата покажуваат дека поголемиот дел од комуникацијата се јавува преку невербални знаци – затоа потполното потпирање на е-пошта и другите методи на дигитална комуникација не е алтернатива.
Време е да разгледаме како треба правилно да се одржуваат состаноците на вашето работно место. Ова може да заштеди време, да ја подобри ефикасноста и да има огромно влијание врз задоволството на вработените. Еве како да започнете:

Дознајте што функционира, а што не
За жал, истражувањата сугерираат дека повеќето компании не се добри во одржување канцелариски состаноци: 79% од луѓето кои одржуваат состаноци сметаат дека времето е искористено продуктивно, но само 56% од присутните се чувствуваат на ист начин. Преоценувањето на вашиот пристап кон состаноците започнува со проценка на тоа кои формати и тактики се ефективни, а кои не се.
За да ги направите канцелариските состаноци попродуктивни, направете анкета на вработените за тоа што мислат за начинот на кој се водат состаноците – потоа направете план за спроведување на промените за најчестите проблеми.

Планирајте однапред
Откако ќе сфатите што членовите на тимот очекуваат од концелариските состаноци, следниот чекор е да направите план. Во планот треба да се утврдат јасни цели и точки, а потоа и за секоја поединечна точка треба да биде појаснено истото.
На секоја средба, размислете критички за тоа кој треба да биде таму. При повеќе од седум присутни лица на состанокот, ефективноста на донесувањето одлуки се намалува за 10%.

Задржете го фокусот
Зајакнувањето на точноста на пристигнувањето на вработените на состанокот е многу важна, тоа значи да се започне состанокот на време, без оглед кој е таму. Исто така состаноците без технолошка подршка го елиминираат ‘мултитаскингот’, така што луѓето посветуваат поголемо внимание на вас и подобро се ангажираат. На пример, туристичката компанија Luxtripper ги намалила три часовните состаноци на еден час со воведување правило да бидат одржувани без технологија помагајќи им на присутните да се фокусираат.