Како да планирате успех

Како што вели старата поговорка “Непланирањето е планирање за неуспех”, време е да ги култивирате Вашите соништа во цели и на крај во успех.

За жал многу луѓе мислат дека соништата се правиот пат кон нивниот успех, но во суштина тоа не е точно. Соништата се точно тоа, соништа, желби без цел. Тоа значи дека овие луѓе немаат некој конкретен план како да го достигнат успехот.

Денес ќе научиме како да ги претвориме желбите и соништата во цели кои ќе не водат кон успехот.

Фокусирајте се на акциите, а не на резултатите
Кои се Вашите цели? Што сакате да постигнете?

Луѓето на овие прашања обично одговараат со крајните резултати, “Сакам мојот бизнис да порасне дупло во 2023 година”. Но вистиското прашање е како? Како ќе ги постигнете Вашите цели?

Да го земаме како пример кредитот. Ако имате кредит и Вашата цел е да го одстраните оваа година, нема да успеете ако продолжите да ја плаќате минималната рата. Ќе мора да вложите повеќе за да ги добиете очекуваните резултати.

Но внимавајте, Вие можете да ги контролирате Вашите акции, но неможете да ги контролирате резултатите. Ова е главната причина зошто Вашите цели треба да бидат базирани врз акциите, а не врз резултатите.

3 чекори за поставување цели
Како што појаснивме во предходниот параграф, како прво треба да ги поставувате вистинските прашања и да одлучите што сакате од животот, па според тоа да го креирате планот за постигање на целите.

1.Индентификувајте ги Вашите цели

Поделете ги Вашите цели во категории: социјални, финансиски, физички, емотивни, работни, забавни, религиозни.
Запрашајте се: Каде сакате да бидете за 1 година? 5 години? 10 години?
Дали би сакале да напреднете во работата? Дали би сакале да ги зголемите Вашите заштеди? Дали сакате да имате повеќе пријатели?

2. Размислете кои акции треба да ги превземате за да ги достигнете новите цели

Ако сакате да напреднете во Вашата работа – кои способности се потребни за да бидете успешни и да преминете на следното ниво? Колку пати во неделата треба да ја градите својата бизнис мрежа?
Сакате да имате повеќе пријатели – Кога последен пат сте отишле во клуб? Кога сте имале интеракција со непознати?
Вистинските прашања носат вистински одговори.

3.Направете план и преземете акција

Ако сакате да изгубите некој килограм, почнете со приготвување домашна храна барем 4 пати неделно. Ако целта Ви е да заштедете пари, пронајдете опции за заштеда при секое купување. Можностите се бескрајни!
Многу е добро да знаете што сакате да постигнете, но ако никогаш не превземете акција, никогаш нема да ги достигнете своите цели.
“Еден грам акција вреди повеќе од еден тон теорија” – Ралф Валдо Емерсон