Како функционира доставата на пратките?

Во денешното модерно општество, време кога никој нема време, а посебно и перод на пандемија доставата на пратките до адреса е многу важна. На овој пазар сите се борат да имаат што е можно подобра и борза услуга за да останат запаметени и потрошувачите да се задоволни.
Поради таа цел многу е важно самите потрошувачи да ги знаат деталите како функционира доставата на пратките.

Од моментот кога потрошувачот ќе ја направи онлајн нарачката (телефонски, по мејл, преку инбокс на фејсбук или преку веб страна), па се до физичката достава до неговиот дом или работно место потребни се неколку дена. Најмалку 1 ден или најмногу 7 дена. Зошто е тоа така?

Нарачка:
Понекогаш правиме нарачка преку викенд, во вечерните часови, за празник петок попладне или ден пред споен викенд и сл. денови кога компанијата од која нарачуваме не работи. Поради тоа за некои нарачки се потребни неколку дена до недела од денот на нарачката.
Затоа најубаво е да се нарачува претпладне, во работен ден и почетокот на неделата.

Подготовка на нарачката:
За подготовка на една нарачка секогаш е потребно време, особено ако има повеќе нарачки. Треба да се внесат во системот, да се пронајдат производите, да се спакуваат и адресираат. Понекогаш е потрошен производот, па е потребно да се повлече од друга локација. За сето тоа понекогаш се потребни од 1-24 часа.

Испорака:
За испораката исто така е потребно време. Куририте од брзите пошти, пратките од локацијата на компаниите ја подигаат најрано 1 час од повикот, но некогаш се презафатени, па пратката ја подигаат следниот ден. Некои пошти имаат правило пратката да ја однесат во централа и ја распределуваат за достава следниот ден. Брзите пошти имаат посебни денови кога одат во различни градови и региони во земјава, па затоа секогаш кажуваат 2-3 работни дена од моментот на подигање на пратката, некогаш и повеќе.

Замена на нарачката:
Компаниите секогаш вршат замена на производите, погрешен број, оштетена пратка и сл., но кога се врши замена на пратка се наплатува како да се доставува нова пратка. Доставата која се плаќа е во корист на брзите пошти кои ја вршат таа услуга, компанијата која го продава производот нема никаква добивка од доставата.

Понекогаш еден производ кога ќе го нарачате го добивате за 24 часа, но понекогаш за една недела.

Затоа секогаш имајте трпение!!! 🙂