Како да ја уредите вашата канцеларија

Вашата канцеларија е и вашиот втор дом, таму поминувате минимум 8 часа од денот. Затоа е потребно да ја направите вашата канцеларија што е можно поудобна и попривлечна. Вашата канцеларија е исто така важна за првите впечатоци на вашите клиенти и вработени. Но, ако дизајнот и ентериерот на вашата канцеларија се толку важни – од каде прво да почнете?

Па како прво, да почнеме со основниот мебел и прибор што ќе ја направат вашата канцеларија функционална, како бирото на кое ќе работите, столот за седење и приборот како пенкала, тетратки и печати.

Бирото би требало да е широко и да се протега колку што можат и вашите раце (за полесно да ги дофаќате работите ставени на него). Кога одбирате биро, имајте на ум како неговата боја и текстура ќе се вклопат во целокупниот дизајн на вашата канцеларија.

Столoт е еден од најважните одлики на листата. Најголемиот период од денот, како канцелариски работник, го трошите седнати на вашиот стол. Затоа е многу важно да изберете канцелариски стол што би ви одговарал на вашето тело и вашата позиција на седење. Идеалниот стол би бил екстремно удобен, со рачка за прилагодување на висината на седиштето и одмаралишта за рацете. Кога купувате стол за вашата канцеларија, ви предлагаме да купите еден повеќе одколку што ви е потребно – па, ако некој ве посети, дојде на интервју, одма ќе можете да им обезбедите удобно место за седење.

Основниот прибор за една канцеларија се состои од горенаведените пенкало, молив и тетратка (не многу различно од училиштето). Но, зависно од вашата работна дејност, можно е да ви е потребно и печати, хефталици, маркери и ножици. Доколку го имате овој прибор, вашата работа значително ќе ви се олесни.

Што друго можете да ставите во вашата канцеларија? Па, вашата креативност е вашата граница. Исполнете го секој празен ѕид со сертификати и дипломи (за да ве потсеќаат на вашите постигнување и да ве мотивираат), или пак со прекрасни слики и изреки за максимална продуктивност.

Исто така можете да си создадете една приватна библиотека и да внесете софистикација во вашата канцеларија. Можете да вметнете дух со додавање цвеќиња или некои миленичиња кој се лесни за одгледување, како на пример риби.