Компанијата Тримакс донираше смарт табла за ПОУ “Круме Кепески” во Припор

Продолжува процесот на осовременување на наставата низ стимулирање на дигиталните вештини. Преку договор за донација со компанијата “Тримакс”, Општина Кисела Вода обезбеди уште една смарт табла за учениците.

Истата е поставена во ПОУ “Круме Кепески” во Припор, каде денес, на директорите од сите основни училишта од овој дел на градот, им беше одржана презентација на софтверот преку кој функционираат дигиталните табли.

Со денешната донација, бројот на дигитални табли низ сите основни училишта во Кисела Вода се искачи на 44. Воедно, во наставниот процес се користат и 75 смарт телевизори, а Општина Кисела Вода, преку донации обезбеди и компјутер за секоја училница од сите 11 училишни објекти преку проектот “Компјутер за секој наставник”.

Унапредувањето на наставниот процес во сите општински училишта, продолжува и понатаму.

Општина Кисела Вода упатува благодарност до компанијата “Тримакс” за покажаната општествена одговорност. Иако нашите сопствени инвестиции во сите училишни објекти непрекинато течат, поддршката за ваквите проекти, како сериозна поддршка на образовниот процес, е секогаш добредојдена.